Промо-видео пред турнирот во тешка категорија на Глори 77

Викендов најголемата кик бокс организација ќе се врати на сцената. Глори ќе ја одржи првата гала вечер оваа година во Ротердам. Рико Верховен требаше да ја одбрани титулата против Џамал Бен Садик, но тој се повлече поради повреда.

Глори реши да организира турнир во тешка категорија на кој нема да биде вклучена титулата. Рико Верховен на Глори 77 ќе се бори со стариот познаник Хесди Гергес. Другата двојка што ќе се бори на турнирот е Тарик Хбабез и Леви Ригтерс.

Битката меѓу Рико и Гергес ќе биде трилогија. До сега одржаа две средбикои Верховен ги доби со одлука на судиите. Верховен влегува во борбата со серија од 12 последователни победи. Гергес, пак, доаѓа по победата над Ел Бушаиби.

Хбабез ќе дебитира за Глори. Тој доаѓа од ОНЕ шампионатот, каде во неговата последна битка, во борбата за титулата, загуби од Криклија.

Ригтерс е непоразен во кикбоксот и почна полетно во Глори. На крајот на минатата година Леви го освои турнирот во тешка категорија.

Ова е промото пред настанот, кое го објави Глори:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО