Барнс: Имам 200 рунди спаринг со Камару Усман (ВИДЕО)

Жилберт Барнс е повеќе од подготвен за неговата битка со Камару Усман. Тие ќе се борат за титулата на УФЦ 258 што ќе се одржи на 13 февруари во Лас Вегас. 34-годишниот Бразилец е во серија од 6 последователни победи.

Тој се претстави многу добро во последните борби и успеа да се справи со Тајрон Вудли и Демиен Маја во 2020 година. Барнс заработи бонуси и е подготвен да се бори со Усман и во стој и во партер.

Жилберт вели дека има повеќе од 200 спаринг-мечеви со Усман, бидејќи тренирале заедно 7 години. Не чека интересна битка, а Барнс е подготвен на сè за да стане шампион.

„Што ќе ми направат ако ме спуштат на земјата? Нека ме симнат. Едвај го чекам тоа. Токму тоа го сакам. Сакам да видам дали се подготвени за мојата борба на партер. Имам брзина во рацете и удирам силно. Спремен сум. Мислам дека сум многу лоша опција за многу борци. Нема да им биде лесно со мене на партер. Се надевам дека ќе се обидат да ме срушат. Сè уште верувам дека сум лоша опција за Масвидал и Едвардс.

Усман и јас имаме повеќе од 200 рунди спаринг. Трениравме заедно во 2012 година во Блекзилијанс. По некое време Блекзилијанс се распадна и отидовме во Фајт клубот. Трениравме во Хард Нока, а потоа во ММА во Санфорд. Јас и Усман тренираме заедно 7 години и обожаваме да тренираме. Тој беше добар партнер за мене, како и јас за него. И двајцата заедно вежбавме многу и добро се познаваме.

Усман ме победуваше понекогаш, но и јас го победував. Многу си помагавме и секогаш сакав да тренирам со него. Го почитувам многу и нашата битка ќе биде натпревар. Нема да има непријателство. Тој е голем шампион и партнер. Немам ништо против него.

Не бевме пријатели и не си пишувавме, само трениравме. Сето тоа беше во име на борбката. Ќе биде прилично емотивно за мене ако станам шампион. Оваа титула ќе ја оправда целата моја работа. Ќе биде луда битка. Ќе дадам сè за победа. Влегувам во битката гладен. Не можам да чекам“, рече Барнс во интервју за MMAJunkie.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО