Проклетството ги следи Хабиб и Фергусон, можно е откажување на борбата

Борбата меѓу Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон би можела повторно да биде откажана, но сега не поради нивна вина, туку поради коронавирусот, кој зарази многу луѓе ширум светот.

Секој ден се откажуваат нови спортски настани, па беше суспендирана и НБА-лигата на неодредено време, а постои можност да се одложи и УФЦ 249, кој е закажан за 18 април во Бруклин.

„Боговите едноставно не сакаат да се одржи оваа борба“, напиша поранешниот член на УФЦ, Бен Аскрен откако слушна за можносто откажување.

Првиот човек на УФЦ, Дена Вајт тврди дека уште не е донесена конечна одлука и засега не планираат такво нешто, но ако продолжи пандемијата, тогаш ќе немаат друг избор освен да го откажат натпреварувањето.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО