Шеиците на Хабиб му нудат 100 милиони долари за бокс меч со Мејведер

Светскиот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов, неодамна добил два милиони долари само да биде покрај рингот на мечот меѓу Ентони Џошуа и Енди Руиз. Парите му ги дале шеиците од Саудиска Арабија, а сега тие му нудат 100 милиони долари за најголемиот боксерски спектакл одржан некогаш.

„Овој бокс меч со Флојд Мејведер единствено би се одржал само поради парите. Шеиците со сите сили се трудат да го организираат. Сепак, мене во моментов ми е поважно она што ќе се случува со Фергусон“ вели Хабиб.

Инаку Мејведер за оваа борба бара 300 милиони долари, или трипати повеќе од тоа што би заработил Русинот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО