Прокик фемили освои 4 медали на „Софија опен 2019“

Кик бокс клубот Прокик-фемили од Скопје на Интернационалниот турнир „Софија опен 2019“ кој изминатиов викенд се одржа во Софија, Бугарија, освои четири медали – 1 златен, 1 сребрен и 2 бронзени во кик лајт.

Медалите ги освоија:

  1. Стефан Михајловски  + 94 кг, сениори –  златен медал
  2. Ивица Бубулевски – 69 кг сениори – сребрен медал
  3. Марко Тодоровски – 63 кг постар кадет – бронзен медал
  4. Мија Стерјовска – 55 кг  постар кадет – бронзен медал

„Задоволни сме од настапот на нашите борци на турнирот и постигнатите резултати. Иако беа меѓу најмладите сениори, Стефан Михајловски и Ивица Бубулевски прикажаа добри борби со исклучителна брзина и одлична техника, додека постарите кадети Марко Тодоровски и Мија Стерјовска, покрај освоените медали, се збогатија со големо искуство, кое секако ќе им користи во понатамошната спортска кариера“, велат тренерот и раководството на клубот.

Над 500 пријавени борци беа дел од турнирот организиран од страна на Деница Миленкова и Иван Георгиев од Стар тим Бугарија и Кик бокс Федерацијата на Бугарија.

„Исклучителна организација, целодневни борби без никаков застој и одлични борци се карактеристиките со кои може да се опише одржаниот турнир“, истакнуваат од Прокик фемили.

Резултати

+ 94 кг Сениори

Стефан Михајловски – Марин Митаров (Бугарија)    3-0

Стефан Михајловски – Марио Александров (Бугарија)  3-0

Стефан Михајловски – Даниел Динев (Бугарија) 3-0

69 кг

Ивица Бубулевски – Росен Христов (Бугарија)  3-0

Ивица Бубулевски – Александар Ангелов (Бугарија) 0-3

63 кг постари кадети

Марко Тодоровски – Петио Футлев (Бугарија) 0-3

55 кг

Мија Стерјовска – Анелиа Тодорова (Бугарија)  0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО