Програмата на претседателот на ФБСМ, Бетим Вренези – обемна и амбициозна!

betim-vrenezi

Новоизбраниот претседател на Федерарцијата на боречките спортови на Македонија (ФБСМ), Бетим Вренези, во кандидатурата за прв човек на ФБСМ излезен со прилично амбициозна прогарама. Зад програмата стои и заменик претседателот Дејан Богданов, како плод на нивната иницијатива за вадење на борењето од тешката ситуација.

 sobranie-fbsm-28-dekemvri-2016

Главната цел е осовремување на Федерацијата на боречките спортови на Македонија и создавање на услови за омасовување на борењето и постигнување на врвни спортски резултати.

 „Иако македонското борење има постигнато највисоки спортски резултати на европските и светските првенства и олимписките игри, ФБСМ подолг временски период не имплементираше современи алатки и механизми, со што заостануваше во својот развој. Како резултат на тоа, борењето падна на многу низок развоен степен на клучните компоненти на нашата организација (организационо, масовност, спортско ниво, стручно, правно, нарушување на социјалната кохезија…), а многу често, сметката на нашата Федерација беше блокирана и не можеше да се реализираат значајни програмски задачи.

Неповолната финансиска состојба, како и одредени долгови, беше причина да бидеме суспендирани од Обединетото светско борење (UWW). Оваа е многу лоша пракса за сите нас“, нaвeде Вренези во програмата пред делегатите.

 fbsm-sobranie-bogoevski-andonov-28-12-2016

Покрај тоа исткана дека во изминатиот период, иако одредени поединци и клубови, давале огромен несебичен придонес во развојот на женското борење, спорт кој е на програмата на олимписките игри, нашата Федерација, не само што не давала поддршка на овие програми, идеи и активности, туку ги игнорирала, кочела и не ги вреднувала ваквите исклучително значајни иницијативни проектни активности.

„Од тие причини, верувам дека со соодветна и квалитетна организациона поставеност, како и маркетинг пристап и презентација на нашиот спорт, ќе овозможиме подобра финансиска и материјална состојба, а со тоа и подигнување на квалитетот и квантитетот во сите сегменти.

Со својот тим на луѓе во Извршниот одбор, комисиите и телата, ќе создадеме основни  претпоставки за создавање на современа национална спортска федерација во борење и услови на нашите репрезентативни членови и стручните лица кои сакаат да се посветат на нашите цели, односно да остваруваат повискои резултати.

Исто така, за остварување на нашите цели, ќе остваруваме посебна соработка со нашите стручни и научни кадри од борењето, високообразовните научни институции од областа на спортот, Македонскиот олимписки комитет и другите поединци и организации и институции, кои може да дадат голем придонес во изготвувањето на годишните и повеќе годичните развојни планови и програми на олимиписките и неолимписките спортски дисциплини од областа на борењето“, зклучи Вренези.

borenje bogdanov

ДРУГИ ЦЕЛИ (ги пренесуваме во целост)

Анализа и осовремување на правните регулативи:

 Во периодот од јануари до јуни, 2017 година, акцент ќе се даде на анализата на Статутот и постојните правилници во ФБСМ. Покрај тоа, ќе има потреба од донесување на нови правилници кои ќе треба да регулираат одреде ни прашања кои се од посебна важност за нашиот спорт.

За остварување на оваа цел, ќе бидат направени компаративни анализи од други земји, како и од други Федерации во Република Македонија.

Зацврстување на позициите на сениорската, младинската, кадетската и детската возраст:

 За остварување на оваа цел, ќе бидат реализирани следните задачи:

 Подобрување на условите за работа;

  • Опремување на членовите на сите репрезентации;
  • Измени и дополнување на правилникот на државните репрезентации;
  • Утврдување на стручен штаб;
  • Формирање на репрезентација за деца;
  • Потпишување на договор за соработка со Бугарската федерација за борење во однос на подготовката на сите возрасти.
  • Креирање на база на податоци за сите рпрезентативци.
  • Воспоставување на современ систем за селекција, контрола и следење на перфомансите на нашите членови во сите селекции.
  • Примена на други механизми и програми по направените анализи.

 Промоција на работата и резултати на ФБСМ

 Денес, маркетингот е еден од клучните фактори во работата на спортските федерации. Во изминатиот период, нашата Федерација не посветуваше доволно внимание во промоцијата на Федерацијата, резултатите на спортските тренери, судиите, стручно-научните постигнувања и другите вредности.

За таа цел, ќе избереме личност, кој ќе се грижи за комисијата за маркетинг и пропаганда, и воедно избере свој тим (комисија). Покрај другото, комисијата ќе треба да изготви и предложи свој правилник за работа.

 Осовремување на организацијата на поединичниот и екипен систем на натпревари

 Факт е дека во изминатиот период, многу малку беше направено во насока на подобрување на системот на натпревари. Скору сите стручни работници и клубови ја промовират идејата за потребата за промени во  системот натпревари, но не беше соодветно третирано оваа прашање.

Смиот процес, бара изготвување на соодветна анализа, изготвување на нови правни регулативи, финансиска и организациона подготовка и имплементирање на други современи елементи.

На новиот тим на ФБСМ, една од приоритетните задачи ќе  биде соодветен третман на оваа прашање, во насока на:

  • зголемување на постојниот систем на натпревари, со посебен акцент кај помладите возрасни категории;
  • воведување на екипен систем на натпревари;
  • квалитетна организација на натпреварите (сала, камери, правила, делегат и друго);
  • медумска покриеност;
  • соодветна маркетинг промоција на секој натпревар;
  • други потребни мерки, кои ќе прозлезат од направената анализа.

 Зајакнување и подобрување на системот на училишните спортски натпревари

Оваа е многу важна задача, за чија цел ќе оствариме соработка со Федерацијата училишен спорт на Македонија, со цел промовирање на поразвиен систем на натпревари.

Покрај тоа, за развој и унапредување на оваа прашање, ќе ги реализираме следните задачи:

  • Ќе именуваме одговорно лице за решавање на ова прашање.
  • Создавање на услови за организирање на натпревари на регионално ниво за оваа возрасна група.
  • Создадаме фонд за награди, како и промотивни материјали на борењето.

 Зајакнување на квалитетот на Меѓународниот тунир МАКЕДОНСКИ БИСЕР

Ќе биде посветено посебно внимание, на организациониот, спортскиот и маркетиншки аспект на меѓународниот тунир МАКЕДОНСКИ БИСЕР. Со тоа, значително ќе се влијае, нашиот спорт и спортистите, да ги приближиме до медиумите, спонзорите и спортски организации, кои во најголема мерка се наши поддржувачи (Македонскиот олимписки комитет, Сојузот на спортски федерации на Македонија. Агенцијата за млади и спорт и другите помагатели).

 Кандитатура на ФБСМ за организација на големи натпревари – ЕП и СП

 Во овој циклус, ќе продолжиме да се кандидираме за организација на големи натпревари кои се во календарот на настани на Обединетото светско борење (UWW) и Европската федерација за борење (CELA).

Од ваквите настани, ќе очекуваме да се донесе нов квалитет во организацска, резултатска, финансиска или материјална смисла.

Во однос на оваа исклучително значајно прашање, треба да бидеме самокритични дека во изминатиот период детектирани се бројни слабости од различен карактер. За надминување на овие слабости, навреме ќе бидаат формирани соодветни тимови за оганизација и контрола на ваквите проекти.

Развој и унапредување на тренерскиот систем

По однос на оваа прашање, потребно е да се истакне дека сме на крајно ниско ниво.

Тренерската комисија не функционира, а по однос на прашањето за функционирање на Здружението на боречки тренери на Македонија, сеуште немаме изградено соодветна позитивна перцепција. Работата на организиционите облици на тренерите е еден од клучните фактори за натамошен развој и унапредување на нашиот спорт.

За воспоставување на соодветни правни, организациони и други механизми, ќе ги реализираме следните активности:

  • Ќе направиме компаративна анализа на состојбите во другите национални спортски Федерации од другите спортови, како и националните федерации по борење од другите поразвиени земји.
  • Ќе ја проучиме домашната национална регулатива.
  • Ќе продолжи обуката на тренерите преку одржување на семинари на тренери. Ќе биде подобрена нивната организација и започне процес на воспоставување на систем на лиценцирање.
  • Ќе дадеме подршка на проектите поврзани со тренерската работа.
  • Ќе покануваме домашни и странски предавачи на семинарите за лиценцирање.
  • Ќе финансираме учество на тренерски семинари од Македонија (годишни семинари на UWW, учество на тренери на обука во боречки кампови и големи натпреварувања).

 Подршка на стручно-научната дејност од областа на борењето

ФБСМ, во рамките на своите можности ќе ја помага и стимулира научноистражувачката и апликативна дејност од областа на борењето, а посебно на трудовите кои се поврзани со тренажниот процес.

Имајќи предвид, дека во изминатиот период многу малку или воопшто не се посветуваше внимание на оваа дејност, која е од посебно значајно за секој спорт.

Со цел, мотивирање, во натамошниот период ќе ги афирмираме и вреднуваме досегашните, како и новите стручно-научни активности и услуги, програми, проекти, анализи, советувања, експертизи, мониторинг, апликативна дејност, информациските услуги, индивидуалното истражување и творештво, кои се од посебно значење за борењето.

Формирање тренинг центар и други центри за борење

Во овој период, ќе бидат правени максимални напори согласно искуствата од развиените земји, да се отворат два национални центри за подготовка на спортистите во борење, каде ќе треба да има можност да се постават најмалку два боречки душеци, и ја имаат сета потребната опрема за тренинг. На тој начин, дел од подготовките на нашите спортисти ќе бидат реализирани во овие центри, заедно со поканети екипи од други земји.

Образование на стручни кадри за потребите на борењето на високобразовните институции во РМ и други земји

Во согласност со Законот за спорт, во клубовите можат да работат само  обучени тренери кои имаат најмалку виша тренерска школа. Во моментов во многу клубови има тренери кои немаат квалификации согласно Законот за спорт. За таа цел, соработката помеѓу ФБСМ и Факултетите кои образуваат кадри од нашата област, ќе се подигне на повисоко ниво, со цел давање на подршка на овие програми.

Покрај тоа, на тренерите кои дале огромен придонес во борењето, а немаат соодветно образование согласно критериумиѕте на Законот за спорт, согласно другите искуства, ќе бидат изнајдени правни регулативи истите и понатаму да имаат соодветни можности да се занимаваат со обуката на боречкиот спорт.

Развој на женското борење и другите стилови во борење

Во номенклатурата на Меѓународниот олимписки комитет и Обединетото светско борење (UWW), влегуваат борењето во слободен стил, борењето грчко-римски стил и борење за жени. Исто така, според  номенклатурата на Обединетото светско борење (UWW), влегуваат и други спортски дисциплини од областа на борењето. Затоа и нашата Федерација, должна е да се грижи и ги развива, пред сè, Олимписките стилови на борење. Во наредниот период, програмски и проектно ќе ги поддржиме и другите стилови, а особено женското борење и ќе направиме посебен фонд за развој на женското борење, односно за формирање на женски репрезентации по возрасни категории.

Исто така, покрај другото, ќе бидат изготвени правни норми за категоризација на овие спортисти, но и клубови.

Со цел, правична застапеност и функционална потреба, во Управниот одбор ќе биде кооптиран еден член кој ќе го застапува женското борење.

Покрај тоа, во соработка со стручниот тим, ќе биде дополнет календарот на натпревари како и годишната програма со другите дисциплини во борењето.

Организација и унапредување на летна школи за борење

Во одредени периоди, многу добро работеше летната школа за борење во Струга и други места. Од оваа година, ФБСМ, ќе посвети посебно внимание во изготвувањето на посебна програма за организација на летната школа во борење, со подобрување на квалитетот и квантитетот и учество на репрезентации и клубови од друѓи земји.

Помош во работата на судиите во борење

Во претходниот период, работата на судиската комисија, беше на многу ниско ниво.

За таа цел, Федерацијата во натамошниот период ќе ја поддржува работата на Судиската комисија, со цел да се постигне поголем напредок во секој поглед.

Помош во формирањето на нови боречки клубови и подршка на клубовите кои ги имаат прекинато своите активности или пак имаа ниско организационо ниво

Видливо е дека во многу општини, нема боречки клубови или пак работат мал број на клубови, а некои клубови кои имаат дејност спорт се неактивни или пак имаат крајно низок степен на активности.

Извршниот одбор, ќе формира Комисија за помош и следење на помалите членови на ФБСМ, кој меѓу другото ќе имаат задача да ги охрабри и помогне за формирање на клубовите во општините каде нема боречки клубови.

Покрај тоа, за помалите клубови ќе ги обезбедиме следните услови:

  • Ќе ја укинеме годишната котизација и плаќање на годишна регистрација на спортистите.
  • Финансиски ќе го помогнеме учеството на натпреварите во рамките на ФБСМ.
  • Ќе помогнеме со спортска опрема.
  • Ќе направиме соработка со општинските власти, за подршка на борењето.
  • Ќе преземеме други мерки и активности.

Зајакнување на соработката со Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортски федерации на Македонија и други институции и организации

Во натамошниот период, ќе биде изработен посебен концепт за зајакнување на соработката, со цел рационално и ефикасно искористување на можностите и програмите кои ги нудат Македонскиот олимписки комитет, Агенцијата за млади и спорт, Сојузот на спортски Федерации на Македонија и други институции и организации.

Перманентен развој и унапредување на соработката и позициите со Обединетото светско борење (UWW) и Европската боречка федерација (ЦЕЛА)

Во натамошниот период, плански и систематски ќе ја зајакнуваме, развиваме и унапредувам соработката со Обединетото светско борење (UWW) и Европската боречка федерација (ЦЕЛА), преку континуирана комуникација, подршка и следење на нивните проекти, покана на нивни функционери и кадри на наши манифестации од различен карактер, навремено подмирување на финансиските и други обврски, континуирано наше учество на активностите кои се организирани од страна на UWW и CELA, како и реализација на други соодветни иницијативи, програми и проекти кои се од заеднички интерес.

Ipon.mk 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО