Вајт: Борбата на предизвикувачите е откажана, бидејќи Фергусон сака повеќе пари, јас би сакал да го видам Хабиб против Алдо

ferguson-habib-i-aldo

Кога Конор Мек Грегор со освојувањето на појасот во лесна категорија на УФЦ најави дека некое време ќе паузира се уптуваше на тоа дека двајцата гладни лавови од првата лига, Хабиб Нурмагомедов и Тони Фергусон, ќе се борат за привремениот појас, или статусот на следен предизвикувач.

И двајцата борци веќе изразија желба за таа борба, како и УФЦ, но до неа, сепак, нема да дојде. Причината е таа што Фергусон за настапот сака да биде платен колку што и Нурмагомедов.

„Се обидовме да ја договориме таа борба. Тони рече дека нема да се бори ако не ги добие истите пари како и Хабиб. Со Хабиб имаме пионаков договор, така што ова нема да се случи. Оваа борба може да ја прчкртате“, рече Вајт во изјавата за новинарите во Лас Вегас каде што овој викенд се одржува УФЦ207.

Поентата е во тоашто Фергусон веќе има потпишано договор со компанијата и Вајт очекува борецот да го испочитува.

„Може да го исполни договорот и да оди на слободниот пазар, но мора да го почитува договорот. Јас морам да ги испочитувам сите мои договори. Замислете јас да не го испочитувам договорот. Сите ебано би ме нападнале. Ззарем не? „О, боже, не го испочитува договорот со оној тип“.

Мразам кога луѓето почнуваат да ги бројат туѓите пари. Никој не е среќен пордаи некој друг. Сите само ги бројат туѓите пари и сакаат да го откажат договорот откако го склопивме. Тоа не е начинот нан кој функционираат договорите“.

„УФЦ на Нурмагомедов му понуди борба со шампионот на перолесна категорија, Хозе Алдо, сепак, непоразениот Дагестанец ја одби понудата, бидејќи сака само „вистинска борба“ со Фергусон, за да им докаже на сите дека е најдобар во категоријата.

„Алдо го побара Хабиб затоа што тој му изгледаше како вистински човек во таа категорија. Сакаше да се бори со него. Таткото на Хабиб не сакаше да се бори, тој сака да се одмори … Мене ми се допаѓа таа борба. Хабиб и Хозе Алдо, тоа ќе биде забавно. Јас сум за“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО