Професионалните боксери на Олимпијада-парите го вртат светот

klicko-fjuri vo udari

Меѓународната федерација за аматерски бокс АИБА ќе донесе одлука со која се дозволува на професионални боксери да учествуваат на Олимписките игри, соопшти ирскиот портал Rte.

Согласно важечките правила на АИБА, воведени во 2013 година, во моментов професионалните боксери можат да учествуваат на Олимпијадата под услов да имаат помалку од 15 натпревари, за кои добиле хонорар, а исто така и ако потпишале краткорочни договори со АИБА.

Се очекува ова правило да се отповика на претстојното дводневна седница на АИБА, кое ќе се одржи во Манчестер на 23-24 февруари.

Според новата уредба, секој професионален боксер ќе има право да учествува на Олимпијадата, независно од возраста и искуството. Тоа сепак ќе влезе во сила по претстојната Олимпијада во Рио ова лето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО