Нејт Дијаз против Конор Мек Грегор на УФЦ 196!

McGregor-i-Diaz

Нејт Дијаз ќе се сретне со Конор Мек Грегор во главната борба на УФЦ 196, потврди Дана Вајт. Борбата ќе се одржи во велтер категорија.

Мек Грегор 5 март требаше да го предизвика шампионот во лесна категорија, Рафаел дош Ањош, сепак, Бразилецот ја скрши ногата и мораше да се откаже 11 дена пред борбата. „Д’Ноториус“ ќе ја пропушти можноста да влезе во историјата и да биде крунисан со две титули во исто време, откако во декември ја освои титулата во перо со победата над Хозе Алдо за рекордни 13 секунди.

Бидејќи борбата е за помалку од две недели, Дијаз не сакаше да се спушти во лесна категорија, но Мек Грегор се согласи на борба во велтер категорија.

Од борците кои се понудуија да го заменат повредениот шампион, очекувано, шансата ја доби Дијаз, иако Доналд Кероне и Урија Фабер исто така беа сериозни кандидати. Френки Едгар ја одби понудата поради повреда, исто како и Хозе Алдо, кој тврди дека не е во форма.

Дијаз во последниот настап на настанот УФЦ на Фокс во декември со доминантен настап се избори за едногласна судиска одлука мад Мајкл Џонсон, по што, со експлицитен и вулгарен јазик, го предизвика Мек Грегор, за подоцна во интервју да рече дека УФЦ му ја потврдил борбата со ирската сензација. Се чини дека Дијаз навистина беше во право и сега, на задоволство на навивачите, ќе ја направи саканата борба и да ја заработи, веројатно, најголемата плата во животот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО