Глигор Стојанов измамен од менаџерот: По 19 часа, без јадње и пиење излегол на борба со најдобриот борец и…(ВИДЕО)

Aleks gligor so brta mu ili

Нашиот Алекс Глигор Стојанов Милев стана жртва на менџаерска измама  во мечот со  Пјан Тве од Мјанмар на вчерашната борба во која беше поразен, каде што само нокаутот се признава за победа и се борат без ракавици.

Без јадење, пиење и 19 часовна одисеја со кола Глигор излегол да се бори со најдобриот борец во Мајнмар, а менаџерот да му рече дека не се борел добро.

Aleks plakat za mjanmar

Еве што вели Алек Глигор Стојанов за оваа измама:

„Мојот менаџер Безат од Мај тај академијата е лажго за секој борец во Тајланд, ако одите на борба со него, ќе земе пари и воопшто не се грижи за вас, само мисли да заработи пари. Тој ми рече да одам со автомобилот оти за 6 часа ќе сум бил таму. Изгубив 8 килограми и ништо не јадев, а патувавме 19 часа со автомобил. Ме намести да се борам со број еден борец во Мјанмар без јадење и без да се напијам течност, и притоа да ми каже дека не е добро. Благодарам газда Безат, Мај тај академијата и ви кажувам дека и понатму сте мој брат и ќе ви дадам уште некоја мала пара., само имали борец да се бори на шоуто, затоа што ќе се борам со број еден борецот во Мјанмар. Погледни, се уште сум свеж и по 19 часа возење, без јадење и пијење“, напиша Стоајнов за борбата во категоријата до 70 кг.

Тука погледнете ја борбата на Алекс Глигор.

Да потсетиме дека ова му втора борба на Стојанов во рок од една недела, при што симнуваше килограми за да се бори во Мјанмар.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО