Продолжува традицијата: 43-та „Летна карате школа“ во Суто Море-Црна Гора (ВИДЕО)

Jositaka seizam Suto More

Продолжува традицијата на „Летната карате школа“ во организација на ШКК Јошитака, Шотoкaн академијата на Македонија и клубовите учесници во Суто Море во Црна Гора, која годинава ќе се одржи по 43 пат од 14 до 23 јуни, на која се очекува да учествуваат 180 спортисти.

Jositaka suto more

Учество ќе земат клубовите Јошитака-Скопје, Мак центар, Љуботен, Ронин доџо, Солидарност, Гемиџии, Полог Гостивар, Ѓорче Петров, Јошитака-Сараево, Јошитака-Нови Сад и Дубочица Лесковац. Со Летната карате школа ќе раководат шеф-инструкторот шихан Живко Тасевски – 8 дан, Атанас Филиповски – 8 дан, задолежен за вадо-рју делот, Јованче Јовановановски -7 дан и другите инструктори од клубовите.

plakat za letanata karate skola suto more

Годинава има мали јубилеи – 20 години заеднички семинар на Јошитака, Мак центар и Љуботен, 10 години со Ронин доџо и 10 години соработка со Туристичката агенција „Скаут“.

Со семинарот, за разлика од тренинзите во сала, се постигнуваат повеќе ефекти.

„Преку карате тренинзите и целодневното дружење во преден план се става социјализацијата на децата и стручно усовршување на сите практиканти кои учествуваат на семинарот. Тоа значи разработка на кати и кумите техники, како и изучување на судиските правила од страна на натпреварувачите.

Разликата од редовните тренинзи во сала е што овде (Суто Море-н.з.) има по два тренинзи и за 10 дена се реализира програма кој во сала треба да се реализира 3-4 месеци“, истакнува шихан Живко Таевски.

Тој нагласува дека на крајот се организира турнир во кати и полагање за ученички и мајсторски појаси.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО