Чифлиганец: 40-от Македонскиот бисер е Европско првенство во мало

mak-biser press cifilganec 2016

Денеска во Агенцијата за млади и спорт на прес-конференција по повод 40. Македонски бисер беше речено дека досега се пријавени околу 40-тина борачи од 14 земји и ќе има квалитет на европско првенство во мало.

На Бисерот ќе настапат: Македонија, Србија, Косово, Албанија, Бугарија, Грција, Русија, Јапонија, Романија, Велика Британија, Унгарија, Словачка, Белорусија и Шведска, меѓу кои има и борачи-победници на европски и светски првенства и учесници на олимписки игри.

Најтрофејниот македонски спорт, кој одбележува 55 години постоење, 40 години од меѓународниот турнир „Македонски бисер” и 20 години од европската титула на Бучим од Радовиш одбележувањето го почнува уште утре со свечената академија во Музејот на револуциунерната борба, со промоција на монографијата „55 години најтерофеен спорт“, изложба на фотографии, а ќе бидат доделени признанија на сите што значајно придонеле за развојот на борењето во Македонија. Натпреварите се во сабота во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ со почеток во 10 часот, а финалните борби ќе бидат во попладневните и вечерните часови.

makedonski biser pres ams 2016

„Според пријавените натпреварувачи „Македонскиот бисер” ќе биде едно мини Европско првенство. Очекувам да одговориме на предизвиците и пред домашната и пред европската и светската јавност“, истакна претседателот на Федерацијата за боречки спортови, Ванчо Чифлиганец.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески потенцираше дека традицијата продолжува благодарение на вредните спортски работници од Боречката федерација, а Агенцијата е и ќе биде секогаш тука за сите спортски федерации и случувања поврзани со спортот. Така од буџетот на државата се издвоени 600.000 денари за овој настан.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО