По барање на повеќе клубови поради регистрација на борачи од странство Управниот одбор на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) го продолжи преодниот рок до 9 февруари.
Првата трансфер бомба е Столе Ефтимов кој од Спартак премина во Лирија, додека Балканец се засили во најмладата возрасна категорија со талентираниот Кристијан Воденски кој живее во Германија. Сепак, како одминува предониот така ќе очекуваме и побомбастични информации.
Ipon.mk