Бомба од УФЦ: Миочиќ и Кормиер ќе се борат за титулата на УФЦ во тешка категорија!

Вистинска бомба официјално објави УФЦ   пред мерењето за УФЦ 27 на Фокс. Стипе Миочиќ и Даниел Кормиер се потврдени за тренери во 27 сезона на Ултимејт фајтер, по што на УФЦ 226 ќе се борат за шампионска титула во тешка категорија.

Тоа е сезона која треба да се снима за неколку недели. Во прашање е сезона која ќе ги содржи досега непоразените борци, веројатно во лесна и велтер категорија. И на двајцата тоа ќе и биде прво искуства како тренери на Ултимејт фајтер.

Веднаш што стана јасно и кога ќе се борат, а тоа е УФЦ 226, кој ќе се одржи на 7 јули, како дел од „Меѓународната фајт недела“. Тогаш УФЦ по обичај прави еден од двата најсилни настани во годината.

Ќе биде интересно да се види од односот на двајцата борци, кои инаку се во многу добри односи, а нема сомнение дека УФЦ ќе се обиде да ги наговори да создадат некое ривалство, кое веројатно ќе кулминира со емитувањето Ултимејт фајтер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО