Про бокс Македонија учествуваше на 75-тото јубилејно Генералното собрание на Европската боксерска унија (ЕБУ) што се одржа во Малта.
Во саботата на 13 мај 2023 година во Малта се одржа 75. Генерално собрание на ЕБУ. Од страна на Боксерската асоциација на Малта состанокот беше организиран на високо ниво. Присуствуваа 38 членки од Европа .
На Собранието присуствуваа двајца делегати од Про бокс Македонија, секретарот Дарко Чатлески и претседателката Весна Чатлеска.
Главна точка на состанокот беше потпишувањето на договор меѓу сите федерации и асоцијации члеки на ЕБУ за лиценцирање, издавање дозволи за професионални борби, времетраење на суспензиите на боксерите, нови правила за боксерски ракавици за борби итн.
„Претседателот на ЕБУ, Петар Штуцки потенцираше дека е задолжително да се почитуваат минималните стандарди на лекарските прегледи на боксерите, бидејќи најважно е здравјето и заштитата на боксерите. Додека за локалните судии нагласи дека треба да судат фер и професионално“, вели Дарко Чателски.
Промотер на годината е избран Еди Херн, а Турција, Молдавија и Албанија се изгласани за нови привремени членки на ЕБУ.
„Во текот на оваа година договоривме да организираме професионална боксерска манифестација во Прилеп меѓу Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора“, истакнува Чателски.
На крајот со свечена вечера е прославена 75-годишнината на Европската боксерска унија.
„Од страна на ЕБУ ни беше доделена плакета, а претседателот Петар Штуцки изрази задоволство за работата на Про Бокс Македонија“, посочи Чателски.