Великаните на македонскиот бокс: Живко Дуковски, Аце Русевски, Реџеп Реџеповски, Азиз Салиху, на полуфиналната вечер на „Златниот гонг“добија Плакета за посебен придонес и постигнати резултати во боксот во Република Македонија од Боксерската федерација на Македонија.
Реџеповски е носител на сребрен медал, Русевски и Салиху на бронзени медали од Олимпиксите игри, додека Живко Дуковски е творецот на успесите на нашите боксери и основоположник на „Златниот гонг“.