Александар Поветкин и Бирмејн Стиворн ќе се борат во Русија

aleksandar-povetki-vo-ring

Александар Поветкин ќе се сретне со поранешниот светски шампион во тешка категоријаБирмејн Стиворн.

Средбата ќе се одржи во Русија на 17 декември, а ќе се борат за привремената титула на ВБЦ.

ВБЦ и нареди на своите водечки кандидати да ги измерат силите за привремениот појас, додека шампионот Дионтеј Вајлдер се опоравува од повредата.

Точното место на средбата се уште не е објавено.

И двајцата боксери не излегле на рингот од ноември 2015 година, кога Поветкин не даде шанса на Мариуш Вах, додека Стиворн го победи на поени Дерик Роси.

 Александар Поветкин требаше да се бори со шампионот Дионтеј Вајлдер во текот на годината, но мечот пропадна откако Русинот беше позитивен на допинг тестот. Потоа тој се жалеше и избегна казна откако во системот му беше утврдено мало присуство на мелдониум.

Како дел од нивната програма за „чист“ бокс, ВБЦ ги воведе ВАДА тестови за овој меч.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО