Нашиот истакнат мајстор во џиу џица, Александар Ацевски, од 1 до 3 мај во Турција ќе одржи семинари. Основната база е во Гебзе. На овие семинари ќе земат учество над 40 мајстори од разни места во Турција на оваа вештина.
Тренинзите ќе бидат концепциски определени за самоодбрана од нож, но ќе бидат презентирани други техники од џиу џицу.
Гостувањето во пријателкската федерација ќе се искористи и за одржување на судиски семинар, поделен во два дела, писмен и практичен. Овој дел од семинарот ќе го води нашиот реномиран судија Зоран Ристевски, кој има важечка европска лиценца „Континентал „А““.
Ова е големо признание за Ацевски и Ристевски, особено кога некој наш тренер добива можност да ја презентира вештината во странство, а такви имаме многу малку во држвата.
ipon.mk/В. Д.