Пристигна убав абер од САД: Гого Славески во јули почнува со спаринзи!

Пристигна убав абер од Америка, професионланиот боксер Горјан-Гого Славески доби довзола од лекарската комисија да почне со спаринзи во јули.

„Ми одобрија да почнам со спаринзи во јули. Денес имав целосно снимање. Раката ми е заздравена и сега треба да ја зајакнам, односно да ја вратам мускулатурата, затоа што беше атрофирана. Најверојатно, во август или септември ќе биде првата борба“, изјави за IPON.mk Гого Славески.

Славески досега забележа две победи, против Роберт Гуреро na 29 јануари 2016 во четири рунди славеше на поени со едногласна одлука на судиите 40-60. Тие се сретнаа во малото место Елк Грув вилиџ, во државата Илиноис, во хотелот Белведере. Пертходно во ноември 2015 година во Чикаго во првиот меч славеше со нокаут против Ентони Морган.

Пред трета борба Комисијата му забрани настап поради фрактура на левата рака.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО