Миочиќ за мечот со Дош Сантос: И двајцата знаеме дека некој ќе биде нокаутиран

Стипе Миочиќ ќе ја брани титулата во тешка категорија на УФЦ 211 против поранешниот шампион Жуниор дош Сантос.

Во 2014 година Сантос го победи Стипе на поени, но подоцна Миочиќ стигна до титулата која успешно ја одбрани против Алистер Оверем.

Миочиќ откри дека поразот од Сантос го научил на важна лекција.

„Лекцијата што ја научив, дури поточно не е лекција, туку разбрав каде сум. Разбрав дека можам да бидам на исто рамниште со секого. Поминав пет рунди со поранешен шампион, кој е добро познат како нокаутер. А јас поминав пет рунди против него. Знам каде припаѓам“, изјави Стипе.

Миочиќ смета дека мечот меѓу него и ЖДС овој пат ќе заврши со нокаут.

„И двајцата знаеме дека овој пат некој ќе биде нокаутиран. Не сакам да предвидувам во кој рунда, но ќе кажам едно – оттаму јас ќе си заминам со појасот“, се закани Миочиќ.

Дош Сантос призна дека му било многу тешко во првата средна со Стипе.

„Тоа беше навистина тежок натпревар. Стипе има навистина тешки раце. Располага со одлични боксерски вештини. Мислам дека мечот беше тежок и за двајцата. Сигурен сум дека и двајцата сме научивме многу од оваа средба. Очекувам сега да бидеме подготвени еден за друг“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО