Пристигна големиот Масао Кагава на Александар Велики во Скопје.
Големата жива легенда на каратето беше пречекана од сенсеи Живко Дракуловски и сенсеи Зоран Пејов, а декорот го збогатија и малите дечиња облечени во кимона држејќи ги јапонското и македонското знаме.
Веќе утрово Кагава го почнува првиот дел од неговиот семинар посветен на катите и техниките за ВКФ натпревари, а на 2 и 3 август е вториот дел на кој ќе се работат борбени техники.
Едноставно, ваква прилика не се пропушта!
Сето ова се одржува под покровителство на Македонската карате шото организација (МКШ), која е сертифицирана членка на Јапонската карате шото федерација (ЈКЅ/ЈКС), како дел од тренинг кампот „Охрид интернационал 2015“ во хотелот „Орце Николов“.
ipon.mk/В.Д.