БорењеДомашна сцена
Четворица кадети ќе патуваат на ЕП во Суботица!?
Стручниот совет на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) на денешната седница одлучи на Европското првенство за кадети во Суботица да патуваат четворица кадети, и тоа: Елмадин Сејфулаху, Ријад Реџепи од Лирија и Мартин Стојанов и Џан Назифов од Балканец.
„Можно е поради недостиг на средства да патуваат тројца борачи во Суботица, Четвртиот кандидат во тој случај ќе учествува на СП за кадети во Сараево, при крајот на месец август. Сепак, до 2 август треба да се разреши оваа дилема.Двајцата борачи на Балканец добро се подготвени за настапот, а такви сознанија имам и за борачите на Лирија,“- изјави тренерот на кадетите на Балканец, Горан Стојанов.

ЕП за кадети во Суботица почнува на 4 август.
ipon.mk/К.М.




