Примислав Димовски нема да настапи на Државното кик бокс првенство, КБК Адреналин се солидаризира со својот член

primislav dimovski

„Ништо од мојот настап на кик бокс рингот“, ова ни го соопшти Примислав Димовски, кој денес требаше да дебитира на Државното кик бокс првенство и да се сретне со тешкашот од Битопа Александар Димовски-Димса, борба која се сметаше се за најатрактивна на првенството.

Нашиот искусен боксерски репрезентативец објасни од кои причини нема да настапи.

„На КБК Адреналин е побарана моја исписница од Бокс федерацијата за да настапам, таков документ не постои. Нема потреба од таков документ. Сите боксери што се сега кик-боксери не доставувале таков документ за да настапат. Поради ова и КБК Адреналин воопшто нема да настапи на првенството, а јас немам коментар и не сакам да се впуштам во никаква конфронтација со раководството на Кик-бокс федерацијата. Само сум убеден дека со ова не сум оштетен јас, туку спортистите и спортот во Македонија“, истакна Димовски.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО