Прилепските џудо клубови одржаа Предновогодишен турнир за најмладите, Сеишин ги прогласи најдобрите

Завчера во Прилеп се одржа Предновогодишен турнир во џудо за најмладите категории меѓу прилепските клубови (почетници, деца, помлади пионери и пионери). На турнирот настапија натпреварувачи од прилепските клубови Санкаку, Прилеп и организаторот Сеишин со околу 70 натпреварувачи.

А 10-тина џудо ветерани кои се уште активно тренираат и партиципираат во клубот презентираа џудо техники со цел да ги стимулираат младите џудисти.

За сите натпреварувачи организаторот обезбеди богат фонд на награди при што сите се здобија со дипломи за учество, а победниците добија и медали.

На овој настан согласно сумираните резултати за натпреварувачката 2021 година,  Џудо клубот Сеишин ги прогласи и најуспешните натпреварувачи.

Листа на најуспешни за 2021 година:

1.Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионери-2021 (Немања Џагадуроски) и (Благојче Мантароски)

  1. Најуспешен натпреварувач- категорија помлади пионерки-2021 (Тамара Илиоска)
  2. Најуспешен натпреварувач- категорија пионери-2021( Борис Џагадуроски)
  3. Најуспешен натпреварувач- категорија пионерки-2021(Елеонора Илиоска)
  4. Најуспешен натпреварувач- категорија кадети-2021(Никола Магдески)
  5. Најуспешен натпреварувач – категорија кадетки-2021(Мартина Јанкоска)
  6. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниори-2021(Антонио Талески)
  7. Најуспешен натпреварувач-категорија јуниорки-2021(Теодора Димеска)
  8. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениори-2021(Јован Најдоски)
  9. Најуспешен натпреварувач-категорија млади сениорки-2021(Марија Талеска)
  10. Најуспешен натпреварувач-категорија сениори-2021 (Марко Тодорчески)
  11. Најуспешен натпреварувач-категорија сениорки-2021 (Александра Најдоска)
  12. Најуспешен натпреварувач на ниво на клуб севкупна конкуренција за 2021 година (Теодора Димеска)

Покрај натпреварувачите Сеишин награди и дел од своите млади стручни (кандидати мајстори) кадри кои работат во тренажниот процес  за посебен придонес и успех во тренажниот процес во 2021 г. со млади категории џудисти за:

– Марио Тошески
– Марио Цинцароски
– Бојан Синадиноски

Џудо клубот Сеишин на овој настан додели и благодарници за посебен придонес, поддршка и популаризација на џудо спортот на останати правни и физички лица.

На овој настан клубот организатор беше почестен со присуството на градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, (кој во еден изминат период беше и официјален лекар на натпреварите кои ги организираше клубот) и во оваа прилика му беше  доделена плакета за поддршката и развојот на џудо спортот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО