Прилеп: Малихуидис го победи непоразениот Мендес

Prilep profi boks mec

Во спектакуларниот профи бокс меч во Прилеп гркот Карилаос Малихуидис на поени го совлада досега непобедениот Даниел Мендес.

И двајцата боксери ги издржаа сите четири рунди на нозе, но на крајот како поспремен се покажа боксерот од соседна Грција. Мендес имаше одличен старт на мечот но потоа полека се стабилизира неговиот противник и почна да возвраќа силно на неговите удари.

Како што течеше борбата се позабележителен беше заморот кај боксерот од Англија Мендес, а тоа го искористи Малихуидис кој се покажа дека е поподготвен за овој меч за на крајот и заслужено да му го нанесе првиот пораз на Даниел и воедно да дојде до неговата втора победа.

Организатор на Прилеп Фајт Најт  беше Про Бокс Македонија, Боксерскиот клуб АС и кик бокс клубот Шампион Прилеп, а под надзор на Европската боксерска унија и Светската кик бокс федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО