Пријателите го убедуваат Хабиб да се врати, а тој засега не попушта

Хабиб Нурмагомедов одлучи да ја заврши ММА кариерата.

„Орелот“ го победи Џастин Гејџи пред две недели, а потоа во октагонот објави дека повеќе не сака да се бори и дека и ветил на својата мајка дека повеќе нема да влегува во октагонот без неговиот татко.

УФЦ се надева дека чудесниот Дагестанец сепак може да го одработи прошталниот 30-ти меч, но Хабиб во интервју за РТ Спорт повтори дека веројатно нема ништо од враќањето.

„Оваа борба не личеше на ниедна друга. Емоциите беа различни, сè беше сосема поинакво без татко ми”, ја започна приказната Хабиб и продолжи:

„Борбата ми беше понудена по неговата смрт. Можев да ја прифатам или да одбијам и да ја завршам кариерата или да се вратам да се борам и таа се збогуваше. Никој не знаеше за тоа”, рече Хабиб, кој на крајот ја избра втората опција.

Тој исто така посочува дека луѓето од неговиот тим не се задоволни од фактот дека тој ја заврши својата кариера.

„Луѓето блиски до мене не се задоволни што се повлеков, но дури и да направам уште десет борби, таа одлука ќе мораше да дојде некогаш. Одлуката е тешка, се борев цел живот, а за мене ќе беше исто ако одлучам да го сторам тоа на 34 или 35 година. Тешко е да се остави сè и да се стори нешто друго. Луѓето не го разбираат тоа, но што е-тоа е“, рече Хабиб.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, сепак, не губи надеж дека Хабиб би можел да се врати. Тој сè уште е сопственик на појасот во лесна категорија, но навистина е тешко да се очекува дека Орелот ќе го прекрши ветувањето дадено на неговата мајка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО