Прием за светскиот шампион Бобан Илиоски во МОК

Светскиот кик бокс шампион Бобан Илиоски денес имаше прием во Македонскиот олимписки комитет (МОК), каде што го пречека претседателот Даниел Димевски.

Од МОК истакнаа дека со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони.

Илиоски беше придружуван од селекторот на националниот тим, Дејан Митровски – Урко и тренерот на репрезентацијата Драган Атанасовски.

Да потсетиме, во финалето на Светското ВАКО првенство кое се одржа во Албуфеира, Португалија, во битката за светската титула, Бобан убедливо го победи Нурбек Уришбоев од Узбекистан.

Илиоски имаше извонредна борба во категоријата до 86 килограми во лоу кик, убедливо со 3-0 славеше против Уришбоев во финалната битката на патот до светската круна.

Претходно, во полуфиналето Илиоски извојува исто така убедлива победа од 3-0 против Ељан Алкишијев од Азербејџан.

По посетата Илиоски најави дека во февруари или март месец, во Скопје ќе се обиде да дојде до шампионскиот појас во професионална конкуренција.

Македонскиот Олимписки комитет со големо задоволство ги поддржува и ќе продолжи со истата практика, да ги поддржува македонските шампиони.

Светско првенство:

-86 кг лоу кик
Бобан Илиоски – Алберт Угринчиќ (БиХ) 3-0 ¼ финале
Бобан Илиоски – Елјан Алкишијев (Азербејџан) 3-0 ½ финале
Финале
Бобан Илиоски – Нурбек Уришбоев (Узбекистан) 3-0

Фото: МОК

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО