Претседателот на ВБЦ го претстави специјалниот појас за средбата Канело Головкин

Претседателот на Светскиот боксерски совет (ВБЦ), Маурицио Сулејман, го претстави специјалниот појас за средбата Генади Головкин и Сол Алварез – Канело, која ќе се одржи на 15 септември.

Титулата е во чест на еден од најважните датуми во Мексико. Во појасот се вткаени памучни нишки со различни нијанси на бело, симболизирајќи го оружјето на древните борци.

Прстените го симболизираат единството и верноста на 12 маиски градови. Напред е напишано „Majbanej-Maya“, што во превод значи „Маиски воин“, заедно со иницијалите на WBC и „WORLD CHAMPION“, гравирани во килибар и скаменета смола на 25 и 40 милиони години.

Ова ќе биде трета средба спонзорирана од Интерџет, во чија зграда и се случи презентацијата, од 2017 година па наваму. Компанијата има прст на среддбите меѓу Хулио Цезар Чавез и Сол Алварез, како и меѓу Генади Голвкин и Саул Алварез.

Претседателот на ВБЦ е возбуден да каже дека оваа средба ќе биде исклучително важна за мексиканскиот бокс. Маурицио открива дека биле потребни три месеци за да се направи појасот.

Канело и ГГГ ќе се соочат по првата средба која заврши без победник за титулата на ВБЦ во средната категорија. Таа се уште е во рацете на Генади.

На пртстеваувањето присуствуваа поранешните шампиони Умберто Гонзалез, Пипино Куевас, даниел Зарагоза, Лупе Пинтопр, Исак Бустос, Рафаел Лимон, како и Реј Варгас и Есмералда Морено.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО