Плакатот за Федор – Сонен: Руско-американски дуел за честа на народот (ФОТО)

Многу интересен плакат за нивната борба добија Федор Емелијаненко и Чаел Сонен, кои ќе се сретнат на 13 октомври на Белатор 208.

Тоа е второто полуфинале тешкашкиот Гран-при турнир на Белатор, еден ден порано првиот ќе го одработат Рајан Бадер и Мет Митрион. Сонен и Федор го предводат настанот, и се чини дека Белатор одлучи да го промовира ова како руско-американски дуел за честа на народот. Барем тоа може да се заклучи по изгледот на Сонен, како што се фотографирал за оваа плаката. „Американскиот гангстер“ го ставил американското знаме секаде каде што можел, освен на ракавиците. Од друга страна, Федор се фотографирал само во гаките на Белатор, додека во позадина е руското знаме.

Инаку, Федор во првиот круг со нокаут го елиминира Френк Мир, додека  Чаел Сонен со паметна татктика стигна до победа над Ремпејџ Џексон. Со оваа борба конечно ќе се разрешат некои сметки, особено ако се има предвид дека Сонен последната деценија често ги споменува квалитетите на Федор, односно дека не го смета за ни приближно квалитетен и голем борец каква што е неговата репутација. Тука се води  од неговите достигнувања во американските промоции, а тој скор лично ќе се потрудида го направи уште послаб во оваа борба.

Покрај оваа борба, потврдени се уште две битки за истиот настан, што ќе се одржи во Униондејл, сојузната држава Њујорк. Бенсон Фергусон ќе се бори против Саад Авад, а тука е и тешкашкиот дуел на двајца поранешни борци на УФЦ, Чеик конго и Тимоти Џонсон.

https://www.instagram.com/p/Bmy-orMluBQ/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_loading_state_control

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО