Претседателот на Украина го нападна Конор Мек Грегор заради фотографија со Путин

Претседателот на Украина Володимир Зеленски остро го критикуваше едно од најголемите имиња во светот на боречките вештини.

44-годишниот поранешен актер и комичар го осуди поранешниот шампион во две категории на УФЦ Конор Мек Грегор заради старата фотографија ирската ѕвезда со рускиот претседател Владимир Путин.

Зеленски и рече на патувачката ирска делегација во Киев дека до пред неколку години бил голем обожавател на „Сепознатиот“, но односот на Мек Грегор со фотографијата на Владимир Путин му го променило мислењето.

„Претседателот Зеленски ми кажа дека е разочаран од Конор Мек Грегор и неговата фотографија со Владимир Путин“, изјави ирскиот политичар Марк Дејли.

„Ми кажа дека останал со впечаток дека Конор не ги поддржува Украина и Украинците“, додаде Дејли кој беше дел од делегацијата.

Фотографијата на Конор и Путин е од Светското првенство во фудбал во 2018 година. Борецот го стави следниов придружен текст:

„Ова е еден од најголемите лидери на нашето време. За мене беше чест да присуствувам на ваков настан рамо до рамо со него“.

Конор подоцна се пофали дека на рускиот претседател му го подарил првото шише виски Пропер 12.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО