Миоки се претстави на Нихон Ји – фестивал за промоција на јапонската култура во Македонија

Денес, во рамките на Нихон-Ји, фестивалот за промоција на јапонската култура во Македонија, поддржан од амбасадата на Јапонија, членовите на Џудо клубот Миоки се претставија со својата презентација, во блокот претставувањето на боречки вештини кои потекнуваат од Јапонија.

На оваа презентација учество зедоа најмалите членови на Миоки, како и поискусните, повеќето носители на златни медали на државни првенства и меѓународни натпревари.

„Ни беше задоволство да учествуваме на овој фестивал и со нашата презентација да го поддржиме и промовираме џудото, кое за нас е многу повеќе од боречки спорт“, велат од Миоки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО