Претседателот на МОК, Томас Бах: Говорот на омраза кон боксерката Хелиф е неприфатлив!

Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет, Томас Бах реагираше по навредите кои пристигнаа кон контроверзна боксерка, Имане Хелиф од Алжир.

Бах посочи дека мора да се намали говорот на омраза кон боксерката Хелиф, откако беше обвинета во јавноста дека е маж.

„Имаме две боксерки кои се родени како жени, пораснале како жени и на кои во пасошот им пишува дека се жени. Некои сакаат да ја променат сликата на тоа. Говорот на омраза кон Хелиф е неприфатлив“, кажа Бах.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО