Поранешната УФЦ шампионка во мува категорија, Нико Монтано (32), била претепана од својот колега, ММА борецот Џастин Вотсон. Таа на социјалните мрежи ја шокираше јавноста со своите објави, во кои опиша што се случило во хотел во Тексас.
„Вечерва, Џастин Вотсон со своето колено ми ги притисна вратот, ме газеше по лицето, ме удри и ми ја врза косата околу неговата рака и рамката од креветот. Во секунда успеав да излезам и истрчав гола низ ходникот врескајќи за помош. За среќа, некој од хотелот го слушна мојот крик и дојде на помош“, објави Монтано.
Поради ударите кои ги добила морала да оди во болница, но за среќа нема некои посериозни повреди, па веднаш била пуштена.
Веднаш потоа се јави и Џастин Вотсон на социјалните мрежи.
„Секогаш има две страни во приказната и, верувајте ми, Нико и остатокот од светот треба да се отрезнат што е можно поскоро. Нема потреба ништо да се објаснува. Полицајците беа таму, направија истрага и никој не беше уапсен. Тажно е што отиде во болница. Затоа велам дека приказната има две страни, а таа се обидува да ја направи својата приказна главна“, напиша ММА борецот Вотсон.