Трпаноски и Антевски на Конгресот на ЕЏУ

Претседателот Владимир Трпаноски на Џудо федерацијата на Македонија и потпретседателот Горан Антевски викендов учествуваат на 73. Конгрес на вропската џудо унија во Истанбул, Турција.

Од 3 до 5 декември во ИстанбулЕвропската џудо унија го организира 73. ЕЏУ конгрес, а секоја национална федерација членка на ЕЏУ може да биде претставена на Конгресот со двајца (2) делегати.

Во периодот на одржување на Конгресот се направени повеќе работни состаноци и е договорена меѓусебна соработка со џудо федерациите на соседните држави: Албанија, Бугарија, Србија и Босна и Херцеговина, информираат од ЏФМ.

Од нашата федерација известуваат дека до завршување на Конгресот е планирано одржување на повеќе работни состаноци со дел од претседателите на комисиите при ЕЏУ, при што ќе биде разговарано за унапредување на џудо спортот во нашата држава, преку учества на меѓународни едукативни семинари, кампови и натпревари, како и организација на едукативни семинари, кампови и натпревари во нашата држава.

Ворамките на активостите кои беа реализирани за време на Конгресот на ЕЏУ, Трпаноски и Антевски беа и дел од свечената церемонија и фамилијарната вечера. Тие активно учествуваат во работниот дел од Конгресот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО