„Дионтеј Вајлдер ги прифати условите понудени од Еди Херн, промоторот на Ентони Џошу. Двајца боксери треба да се соочат оваа есен во Велика Британија“, уште пред 10 дена извести ЕСПН, сите веднаш заклучија дека мечот конечно е договорен, но се чини дека се уште не е се најчисто во оваа приказна.
Конечниот договор, барем ако му веруваме на Вајлдер, ја кочи промоторот на младиот Британец кој неодмана ги прифати сите услови. Целата ситуација полека станува мачна за шампионот на ВБЦ кој ги губи нервите поради големото одолговлекување.
Американцот исто така веруваат дека Џошуа направил голема грешка кога не ја прифатил гарантираната сума од 50 милиони долари, кои ги понуди неговиот тим, а според која битката би се одржала на американско тло. Од друга страна, Вајлдер е огорчен и со тоа што од Херн доби понуда од „само“ 12 и пол милиони евра, но, се чини, дури и на таква се согласил.
„Еди е манипулатор и компулзивен лажливец. Кога само ќе погледнам низ какви ситуации прминувавме … Не можам да чекам…. Ќе му ја земам главата и ќе ја ставам на телото на Џошуа“, порача луто Вајлдер во интервјуто за Behind The Gloves, притоа алаудирајќи на тоа дека ако дојде до големиот двобој може да биде многу поагресивен од планираното.
„Очигледно дека не сакаат борба со мене. Секој пат нешто измислуваат, јас се согласив на сè досега, а тие апсолутнона ништо“, се пожали Бронзениот бомбардер, додавајќи дека нивното избегнувањето ќе стане појасно ако прифатат меч со Александар Поветкин, задолжителниот предизвикувач на ВБА.
.