Преостанува уште борбата, помина и соочувањето на Миочиќ и Нгану (ВИДЕО)

Настанот УФЦ 260 ни носи 10 дуели, а последниот, кој не чека во раните утрински часови на неделата, е уживање што не смее да се пропушти.

Откако ги помина последните три години во подготовки и се бореше со Даниел Кормиер, Стипе Миочиќ го смени противникот, но повторно го чека стар познаник во октагонот, само овој не се вика Даниел туку Френсис Нагану.

Стипе веќе има една победа над „Предаторот“, онаа од 2018 година, а пред да се обиде да го повтори тој успех, актуелниот шампион уште еднаш се најде очи в очи со опасниот предизвикувач пред да влезе во кафезот.

Сето ова се случи околу еден час по официјалното мерење, што ни откри дека Миочиќ влегува во реваншот со 106,1 килограми, а Нгану со плус 13.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON