Премиер лига: Каратистите во Ротердам се борат за место во репрезентацијата за ЕП

Од утре до недела се одржува Карате 1 Премиер лигата во Ротердам, Холандија, на која ќе настапат 1257 натпреварувачи, според пријавите, од 73 држави. Најборојни се Италијанците со 115 натпреварувачи, па Французите со 105, а Македонија ќе настапи со 33 каратисти во поединечна конкуренција во борби и кати и ката тимот на Ронин во екипна конкуренција.

Ако настапи ката тимот тоа ќе биде прв настап на сестрите Маријана и Мишела Димоски заедно со Пуликсенија Јованоска по заминувањето во Австралија со семејството.

Македонија ќе ја претставуваат каратистите:

60 кг – Емил Павлов – Штип и Горан Николовски – Металург;

67 кг – Димитар Илиевски – Ботони, Ненад Ќелебиќ – Цветан Димов, Шабан Муртиши – Дрини и .Ико Ташов – Металург;

75 кг – Азиз Исмаил – Металург, Петар Заборски – Макпетрол, Енес Смаилагиќ – Цветан Димов, Иво Цветковски– Металург, Корболучи Ферат-Металург, Халид Османи – Макпетрол и Доан Османи – Фати,

-84 кг – Берат Јакупи – Асиарт, Петар Спасеновски – Металург, Виктор Крстевски– Металург, Симон Антиќ – Фунакоши Гичин;

+84 кг – Мартин Несторовски – Металург и Жарко Арсовски –Штип;

Жени 50 кг – Фатјона Алиу – Дрини;

55 кг – Симона Заборска – Макпетрол, Моника Пендароска – Макпетрол и Марија Матракоска – Ронин;

61 кг – Наташа Стефановска- Макпетрол, Сара Крстевска – Металург и Ана Марија Несторвска – Макпетрол;

68 кг – Моника Стефановска – Макпетрол, Ангела Мојсовска – Макпетрол и Бојана Манева – Штип;

+68 кг – Драгана Тодоров – Металург и Селена Таушанова – Макпетрол.

Натпреварувачките на Ронин Марија и Мишела Димокси и Пуликсенија Јованоска се пријавени за учество и во поединечна и во екипна конкуренција.

Да потсетиме дека на Премиер лигата каратистите се борат за место во репрезентацијата за Европксото првенство за сениори во мај кое се одржува во Турција. Покрај Премиер лигата и Балканското првенство ќе биде пресудно за конечниот состав на репрезентацијата. Сепак турнирот во Ротердам е со највисок коефеицинет, а најжестока борба ќе се води категоријата до 75 килограми каде што сепријавени 7 натпреварувачи. Оваа категорија е и најбројна во Ротердам со 153 натпреварувачи, а најмалиот број во една категорија е 57 учесници.

Светската Карате Федерација овие турнири ги озваничи со многу висок коефициент кои изнесува (5). Европските првенства имаат коефициент (6). Тоа значи ако си прв во Европа ќе добиеш 600 бода, а прво место од Ротердам носи 500 бода на ранг листат на Светската карате федерација.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО