Прекрасното враќање на Брок Леснар во УФЦ зачинето со позитивен допинг тест

Brok Lesnar plakat UFC 200

На УФЦ 200 Брок Леснар предизвика големо интересирање по враќањето во октагонот, при што го победи Марк Хант со судиски одлука во подглавниот меч на јубилејното издание на турнирот.

Сепак, УФЦ добило известување од Антидопинг комисијата на САД дека Брок Леснар е позитивен на допинг тестот, кој е направен на 28 јуни.

Примероци биле добиени вечерта на 14 јули.

Од УФЦ ветија повеќе информации кога ќе добијат дополнителни детали.

Да потсетиме дека Леснар по средбата со Хант навести дека е подготвен да се впушти во борбата на златото во тешка категорија и си направи простор за наредни мечеви во УФЦ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО