Преглед пред Волкановски – Родригез

Имаме голема борба во перо категорија овој викенд.

Двајцата шампиони Александар Волкановски и Јаир Родригез ќе ги обединат титулите во дивизијата. Нивната борба е носечка на настанот УФЦ 290, кој ќе се одржи во Лас Вегас. Волкановски е неприкосновен шампион, а Јаир ја држи привремената титула.

Александар доаѓа по пораз од Ислам Махачев во борбата за титулата во лесна категорија. Овој пораз беше негов прв во УФЦ. Неговиот пораз стави крај на серијата од 22 победи. Алекс се уште е непоразен во перолесна категорија.

Јаир доаѓа со победа над Џош Емет во борбата за привремената титула. Родригез загуби само од Френки Едгар и Макс Холовеј во УФЦ. Тој е многу атрактивен борец и верува дека може да го запре Волкановски.

Во категоријата нè очекува историска битка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО