„Предаторот“ Нгану: Ќе бидам подобар шампион од Миочиќ, не е добар претставник на појасот (ВИДЕО)

Nganu Francis

„Знам дека ќе биде шампион во оваа категорија“, самоуверено изјави за медиумите Френсис Нгану, францускиот тешкаш кој со своите настапи натера многумина да помислат како навистина тоа  би можело да се случи еден ден.

Иако е релативно ново лице во спортот „Предатор“ е од ноември 2013 година успеа да забележи девет победи наспроти еден пораз. Како член на УФЦ сега е 4-0, додека петата победа во октагонот ќе ја брка овој викенд против поранешниот шампион Андреј Арловски.

Во текот на разговорот со медиумите на отворениот тренинг како тема се појави и сегашниот шампион во тешка категорија Стипе Миочиќ, за кого Нагану имаше неколку зборови кои можеби на Стипе и на неговите фанови нема да и се допаднат.

„Секој што е во УФЦ е добар борец. Секој може да стане шампион. Тој е добар првак, но исто така и јас може да бидам шампион и тоа подобар, најдобар“, рече Нгану по што беше запрашан дали Стипе добро го претставува појасот, а одговори:

„Жал ми е, но не го делат тоа мислење. Мислам дека некој може да биде подобар во тоа“, заклучи францускиот борец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО