Хет-трик на Емил Павлов спортист на годината во Штип, КБК Гладијатор со две признанија

Emil Pavlov sportsit na stip za 2016

Каратистот Емил Павлов направи хет-трик за спортист на годината на Штип. Тој на денешаната свеченост ја прими наградата најдобар спортист за 2016 година на Штип, а на второро и третото место се Дејан Митров и Кристијан Станојковски.

Emil Pavlov so grado sportist 2016

Павлов признанието го заслужи со освојувањето на бронзениот медал на Европското првенство во Монпелје, Франција, минатата година, но и златото на Балканското првенство во Истанбул, како и второто место на Карате 1Премиер лигата во Салцбург, Австрија, и титулата државен првак во категоријата до 60 килограми.

Во пионерска категорија најдобар спортист е Давид Мишев од Боречкиот клуб Балканец, во кадетска е Јована Арсова од Кик бокс клубот Гладијатор, додека кај младинците е избран пингпонгарот Петар Костовски, додека Ивана Василева од Џиу џица клубот Осенсеи е втора во оваа конкуренција.

Gladijator za najsportist 2016 Stip

Пионери

1.Давид Мишев од Балканец

2.Јована Успрцова ОК УГД

3.Костадин Коцев од ФК Брегалница и Филип Тасев од Балканец

David Misev sportsit Balkanec

Кадети

1.Јована Арсова од KBK Гладијатор

2.Ивана Василева од ЏЏК Осенсеи

3. Иван Киров од ПК Челични

Jovana i Ivana Vasileva sportsisti Stip

Младинци

1.Петар Костовски пинг понг

2.Филип Костадиновски пинг понг УГД

3.Тамара Христовска одбојка

Zarko Arsovski na sportist 2016 Stip

Најдобри тренери се Сашко Арсовски во поединечна категорија од КК Штип, а Трајче Тасевски во колективен спорт. Од наставници, по предлог на училишниот спорт, се избрани Мијалче Маџаров и Звонко Рунчев, а за најдобри судии се избрани Иван Јовановски и Стефан Јанков.

Kiril Nacev i Jovana Arsova za najsportist 2016 Stip

За спортска афирмација на Штип признанија добија Бобан Николов, Влатко Митков и Мартин Поповски.

Balkanec sportsit 2016

Додека за најдобар надежен тренер е избран тренерот на Кик бокс клубот Гладијатор, Кирил Нацев.

Dziu dzica stip sportsist 2016

Покрај најдобрите спортисти, беа дефинирани и најдобрите училишта во училишен спорт, основното Тошо Арсов за футсал и средното медицинско Јане Сандански за карате и фрлање на ѓуле.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО