Пред 18 години Мајк Тајсаон му го одгриза уавото на Ивандер Холифилд! (ВИДЕО)

tajson-holifild (1)

Мајк Тајсон важи за еден од боксерите кој имаше најдобра техника во поновата историја на овој спорт, но сепак и за човек кој го предизвика најголемиот инцидент во Лас Вегас пред точно 18 години.

За време на незаборавната борба со Ивандер Холифилд на 28 јуни 1997 година, Тајсон направи еден од најнепромислените потези во историјата на боксот откако реши да одгризе дел од увото на својот противник. Токму поради неговиот лош потег, мечот што требаше да претставува легендарна борба беше прекрстен во „The Bite Fight“ (гризачка борба), а светските бокс-експерти на големо го осудуваа „железниот“ Мајк кој неколку месеци претходно ја загуби својата прва борба против Холифилд со технички нокаут.
Само за потсетување, борбата не беше прекина по првиот гриз на Тајсон во третата рунда, туку по неговиот обид да го одгриза и левото уво на Холифилд кој на крајот славеше со службен резултат.
Незадоволен од едногласната судиската одлука (дисквалификација), Тајсон тргна да се пресмета со комплетниот тим на Холифилд, но за среќа луѓето кои беа задолжени за обезбедувањето реагираа навреме и спречија поголем инцидент. За немилите сцени кои ги предизвика, Мајк заработи казна од 3 милиони долари и едногодишна забрана за настап на бокс меч.

https://youtu.be/xlIOqypvT-g

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО