Димитар Георгиев балкански шампион, Бобан Илиовски вицешампион!

 

Cela reprezentacija na BP vo Nis

Македонската репрезентација во кикс-бокс до сега освои еден златен и еден сребрен медал на на Балканското првенство за јуниори и сениори во Ниш, Србија. Димитар Георгиев (-79 кг) во лајт кик и Ненад Манојловски освоија златни медали, а Бобан Илиовски (-71 кг) во лоу кик сребрен. Македонија освои два златни, три сребрени и еден бронзен медал.

Dimitar georgeiv sampion BP

Бобан Илиовски  поради повреда на рамото не беше во можност да се бори за златниот медал. Тој првата борба ја доби со нокаут.

Boban Ilievski na BP vo Nis

За нашата репрезентација настапија: Ненад Манојловски -69 кг – кик лајт-златен медал,  Хадис Рамадани 67 кг – лоу кик-бронзен медал, Милан Кубин -89 кг – кик лајт-сребрен, Енвер Реџеповски -75  кг – лоу кик и Марија Божиновска +70 кг – кик лајт – сребрен.

Nenad Manojlovski BP Mis

На Балканското првенство настапија натпреварувачи од седум земји, пренесуваат српските медиуми.

hadis ramdani na BP vo nis

Претседателот на КБФМ, Александра Неделковска, е избрана за претседател на Балканската кик бокс федерација.

БП е контрола на подготвеноста на македонските кик боксери пред  Европско кадетско првенство во Шпанија во август и Светското првенство за сениори во октомври во Белград.

ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО