Познато е колку заработија Дубоа и Џошуа на мечот на распродадениот Вембли

Влезниците за саботниот боксерски спектакл на Вембли, на чие чело беше пресметката за титулата во тешка категорија на ИБФ меѓу шампионот Даниел Дубоа и Ентони Џошуа, пламнаа за кратко време.

На крајот, 96.000 гледачи беа сведоци на фантастичната победа на Дубоа со нокаут во петтата рунда. А атмосферата на стадионот дополнително ја вжешти Лијам Галагер од Оазис во неговиот музички соло настап.

Нема дилема дека целокупната спортско-музичка манифестација им донесе убав профит на организаторите, а сега се знае и колку добија главните актери на вечерта Џошуа и Дубоа.

Имено, нивната заработка била поделена 60-40 во корист на Еј Џеј. На Џошуа му беа гарантирани седум милиони евра, а на Дубоа четири милиони.

Но, ако бројките на ППГ надминат еден милион, нивната заработка може великодушно да се зголеми. Тогаш Џошуа би добил 30, а Дубоа многу помалку, 12 милиони евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО