Познати се сите парови на првата рунда на Гранд прито на Ризин и на целиот настан

mirko-filipovic-vo-odelo-pozira

11 дена пред настанот Ризин 4, каде што ќе настапи и Мирко Филиповиќ, познат е распоредот на борбите, вклчувајќи го и првиот круг за Гранд прито на турнирот.

На турнирот што требаше да содржи 16 борци, сепак на крајот настапуваат 14 и тоа во системот првиот круг да содржи шест борби, додека во второто коло на турнирот ќе се приклучат Вондерлеј Силва и уште еден борец кој подоцна ќе биде наведен.

Филиповиќ е, секако, најголемата ѕвезда, не само на турнирот, туку и на првиот настан, кој всушност ќе ја предводи борбата на Крон Грејси и Хидео Ткоро, додкеа борбите за Големата награда се ставени во средината на распоред.

За Филиповиќ веќе наведовме дека ќе се бори против доста понеискусниот борец од Кореја, Хјун Мјунг Ман, а од останатите борци вреди да се спомене поранешниот светски шампион во борење, Амир Алиакабари, Кузујуки Фуџиту и финалистот од минатогодишниот турнир, Јиржи Прохаска. Според она што го видовме до сега, иако има 42 години, Кро Кап треба да биде фаворит за останување на трофејот, на последниот ден од годината.

Ризин 4 – Распоред борбите

Крон Грејси – Хидео Токоро

Енди Соувер – Дарон Круикшенк

Кизаемон Саига – Асен Јамамото

Минору Кимура – Чарлс „Лудиот коњ“ Бенет

Мирко Филиповиќ – Хјун Мјунг Ман – Гранд при прв круг

Амир Алиакбари – Жоао Алмеида гран-при прв круг

Карл Албректсон – Валентин Молдавски – гран-при прв круг

Јиржи Прохаска – Марк Таниос- гран-при прв круг

Теодорас Аукштуолис – Шимон Бајор – гран-при првиот круг

Казујуки Фуџита – Баруто Каито- гран-при првиот круг

Габриел Гарсија – Детени Јарбруг

Рена Кубота – Мију Јамамото

Канако Мурата – Кира Батара

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО