Познати се имињата на борците кои ги земаа бонусите во биткоини

УФЦ ги објави имињата на тројцата борци кои ќе ги земат бонусите во биткоини.

Минатиот викенд се одржа УФЦ 276 настанот во Лас Вегас. Веќе неколку месеци борците на УФЦ добиваат нов бонус за кој гласаат фановите. Дана Вајт и неговите луѓе обезбедија бонус од 60.000 долари, кој е поделен на тројца натпреварувачи.

Ова е дел од спонзорскиот договор на УФЦ со Crypto.com. Борецот кој ќе собере најмногу гласови и ќе го заземе првото место ќе добие 30.000 во биткоини. Вториот ќе земе дома 20.000 во и на последното место борецот ќе земе 10.000.

Навивачите оценија дека Израел Адесања го заслужи првото место. Втор е Александар Волкановски, а на третото место е Алекс Переира. Така, тројцата ќе поделат 60.000 долари во биткоини.

Израел Адесања – 30.000 долари во биткоини

Александар Волкановски – 20.000 долари

Алекс Переира – 10.000 долари

 

View this post on Instagram

 

A post shared by UFC (@ufc)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО