Познати противниците на Петар Спасеновски и на Стафан Стојановиќ на Премиер лигата во Мароко

Утре стартува последниот четврти турнир од Карате 1 Премиер лига во Рабат, Мароко, на кој настапуваат репрезентативците од редовите на Макпетрол, Петар Спасеновски и Стафан Стојановиќ, кои денес ги добија противниците.
Спасеновски ќе има две борби, а Стојановиќ три. Нивните групи се исклучитлено тешки.

Натпреварите почнуваат утре, а финалните борби се во недела.
На Премиер лигата настапуваат Топ 32-најдобри натпреварувачи во светот во секоја тежинска категорија. Во елиминацискиот дел секој спортист има три задолжителни борби во својата група. Потоа само прворангираниот ги продолжува борбите во четвртфиналето. Светската Карате 1 Премиер лига е највисоко рангиран натпревар со најквалитетна конкуренција на спортисти.
Во Мароко ќе учествуваат вкупно 373 елитни спортисти од 63 држави.
Карате 1 Премиер лига – Рабат:
-84 кг – 4.група
Петар Спасеновски – Мехди Срити (Мароко)
Петар Спасеновски – Јусеф Бадави (Египет)
+84 кг – 6.група
Стефан Стојановиќ – Микеле Киани (Италија)
Стефан Стојановиќ – Анџело Квесиќ (Хрватска)
Стефан Стојановиќ – Омар Абделбакеј (Египет)



