Познат е новиот противник на Ентони Џошуа

Борбата на Ентони Џошуа на 12 август во лондонската О2 aрена ќе се одржи и покрај тоа што неговиот претходен противник, Дилиeн Вајт, беше повлечен откако беше позитивен на допинг тест.

Точно една недела пред борбата излезе порака дека борбата меѓу Џошуа и Вајт нема да се случи. Организаторите на настанот веднаш се впуштија во потрага по нов противник на Џошуа за да се одржи настанот.

Многу се шпекулираше кој ќе биде противник на Џошуа, но сега се знае дека тоа е Роберт Хелениус.

39-годишниот Хелениус има скор (32-4) со 21 нокаут. Тој беше брутално запрен од Дионтеј Вајлдер минатиот октомври.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО