Сандхаген дојде до победата на УФЦ Нешвил со скинат мускул

Кори Сандхаген ќе оди под нож, причината е скинат трицепс, повреда добиена минатиот викенд во победата над Роб Фонт на главниот настан во УФЦ Нешвил.

Ветеранот во петел категорија веста ја објави на Инстаграм.

„Целосно го скинав трицепсот во првата рунда. Не можев да удирам со таа рака без да почувствувам болка. Го направив она што требаше да го направам за да победам. Имам операција оваа недела, а потоа се враќам“, пишува под фотографијата.

Искинатиот трицепс за кој е потребна операција обично бара засек на задниот дел од раката за да се овозможи тетивата повторно да се закачи на коската. Времето на закрепнување варира, но обично потребни се приближно четири до шест месеци за да се вратат во нормални активности, при што некои лекари велат дека може да потрае и до една година за да се врати целиот опсег на движења.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cory Sandhagen (@corysandhagenmma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО