Повторно пропадна мечот Ортиз-Устинов

Ortiz Luis

Дуелот во тешка категорија меѓу Луис Ортиз (Куба) и Александар Устинов (Русија) повторно пропадна.

Боксерите имаа рок до 4 септември да потпишат договор. Тие мораа да се борат за времената титула на Светската боксерска асоцијација. Појасот е во сопственост на Кубанецот. Од екипата на Русинот како виновник за неуспехот го посочија Кубанецот. Менаџерот на Ортиз, Џеј Хименез, веднаш возврати на нападите.

„Тоа не е точно и можеме да го докажеме. Потпишавме договор, но побаравме да има допинг контрола од доброволна антидопинг асоцијација. Имавме слична обврска од Светската боксерска асоцијација. Не сакаме да го обвинуваме за ништо Устинов, но видете колку многу позитивни тестови имаше во последно време во Русија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО